Јавна расправа

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина и социо-економските аспекти за проектот  “Железнички коридор VIII – Источна делница“.

Општина Крива Паланка  ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерство за транспорт и врски, со седиште на ул. “Црвена скопска општина” бр.4 – Скопје, ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина и социо-економските аспекти за проектот “Железнички коридор VIII – Источна делница” и истата е достапна за увид.

Јавнaтa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина и социо – економските аспекти за проектот Железнички коридор VIII – Источна делница“ ќе се одржи на    26 април 2012 година (четврток), во Голема сала на  Општина Крива Паланка со почеток во 10.00 часот.

 

                                                Општина Крива Паланка
                                                        Градоначалник,
                                             Дипл.прав. Арсенчо Алексовски