Покана за презентација

Во рамки на активностите за промоција на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Делегацијата на Ев­ропската Унија, Информативната мрежа за ЕУ и Општина Крива Паланка организираат информативен ден за  граѓанското општество. Целта на информативниот ден е да се овозможи граѓанските организации т.е.  невладиниот сектор во општината да се запознаат со неодамна објавениот (10 април 2012г) „ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ“ во рамки на европскиот инструмент за демократија и човекови права  на  ЕУ.

Крајниот рок за поднесување предлог проекти е 25 мај 2012.  (Предлозите се поднесуваат до Делегацијата на ЕУ во Р.Македонија )

Во рамките на презентацијата ќе се овозможи детално запознавање со грант инструментот на ЕУ, поддршката што ја обезбедува инструментот, критериумите за аплицирање, начинот на аплицирање  и други детали. 

Ве покануваме да присуствувате на Презентацијата , кој ќе се одржи на 27-ми април во 11:00  часот, во салата на Општина Крива Паланка, ул.„Св.Јоаким Осоговски“ бр.175.

                            Општина Крива Паланка
                                 Градоначалник,
                               Арсенчо Алексовски

 

 

 

Големина на фонт
Контраст