Пингпонгарите со нови титули

Пионерите од ППК Крива Паланка викендов во Куманово на 20-то Државно првенство за пионери се закитија со нови титули на државни прваци. Во конкуренција од 100-на пингпонгари од 15 клуба од Македонија нашите пингпонгари освоија 3 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.  Титулата државен првак за сезоната 2011/2012 година ја понесоа: 

Анета Станковски – 1 место пионерки-поединечно

А.Станковска / Ј.Тасевска – 1 место пионерки-двојки

Ф.Костадиновски / П.Костовски – 1 место пионери- двојки

А.Стеменковска/ Д.Станковска- 2 место пионерки двојки

Ангела Стаменковска – 3 место пионерки

 

На Меѓународниот турнир во Урошевац, Косово кој се одржа на 3 март оваа година, нашите пингпонгари Кристијан Станојковски и Амелиа Уце ги освоија првите места во силната  сениорска конкуренција помеѓу голем број квалитени пингпонгари од Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, и со тоа докажаа дека нашите  пингпонгарите се во врвот на балканскиот пинг-понг.

Големина на фонт
Контраст