Презентирана програмата „Култура 2007-2013“ на ЕУ

На 14 февруари во просториите на Општина Крива Паланка се одржа презентација  на Програмата на Европската Унија „Култура 2007-2013 година“, во соработка со Информативниот центар на Делегацијата на Ев­ропската Унија и информативната мрежа за ЕУ.  

Презентацијата ја водеше г-ѓа Биљана Прентоска од контакт точката за Програмата при Министерството за култура на Р. Македонија.

Во рамките на презентацијата  присутните претставници на општината, локалните институции и невладини организации беа запознати  со видот на поддршка што ја обезбедува Програмата „Култура 2007 – 2013“ на ЕУ чија цел е да го потикне збратимувањето на градовите, да ги развие културниот туризам и индустријата,  да ги направи потребните мрежи за полесно ширење на информациите од областа на културата насекаде низ Европа и  да им овозможи на уметниците и на т.н. културни оператори полесно да се движат и заеднички да организираат културни настани и манифестации.

Присутните имаа можност да постават прашања за одредени аспекти на Програмата, а беше нагласена и потребата за поголема координираност и соработка помеѓу  културните оператори од земјата, но и потреба од информации и размена на конкретни искуства и со субјекти од ЕУ кои  биле лидери или копартнери во програмата. 

 

Големина на фонт
Контраст