Прва награда за ученичката Анастасија Давидовска

На националниот конкурсот за избор на најдобри литературни и ликовни творби на тема „Компјутерот – мојот прозорец кон светот“, распишан од Сервисниот центар за лица со хендикеп „Отворете ги прозорците“, кои на лицата со хендикеп им помагаат да имаат пристап до компјутер и интернет со помош на адаптирање и прилагодување на технологијата според нивните потреби, Анастасија Давидовска од ПООУ „Илинден“ од с.Конопница го освои првото место.

Основното училиште „Илинден“ е едно од дваесте училишта во Македонија вклучени во овој проект.

На овој конкурс зедоа учество повеќе ученици од ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, со свои ликовни и литературни творби.

Според освоените гласови преку интернет, ликовната творба со наслов „Подадена рака“ на ученичката од прво одделение Анастасија Давидовска од ПООУ „Илинден“ с.Конопница, го освои првото место во категоријата за избор на ликовна творба. Ученичката Анастасија работеше под менторство на одделенскиот наставник Добри Јовевски.

 

Големина на фонт
Контраст