Новогодишно поетско читање во ООУ „Илинден“

Четириесетина ученици од петто до деветто одделение од основното општинско училиште „Илинден“ денес беа дел од претпразнично поетско читање што се одржа во холот на училиштето.

Учениците кои работеа под менторство на одделенските наставници и предметните професори по македонски јазик и литература кои твореле на конкурсот со новогодишна тематика.

-Ние секоја нова година ја одбележуваме на симболичен и несекојдневен начин, а годинава решивме тоа да биде настан на кој ќе се промовира талентот на учениците, талент за творење, со читање лични книжевни творби, пред се, а секако и за музицирање, преку настап на членовите на училишниот оркестар и на солистите кои настапија на детскиот фестивал „Распеано симитче“. Наставниците се задоволни што голем број ученици се одзваа на конкурсот и создадоа квалитетни книжевни творби, што говори дека поттикот и отворањето можности се нешто што ги мотивира учениците, и треба да има почесто вакви настани, да се ненгува мајчиниот македоснки јазик и да се промовира пишаниот збор, рече директорката на ООУ „Илинден“, Марица Николовска.

На настанот поезија читаа и поетеси од литературниот клуб „Калин“ кој работи во рамки на библиотеката „Кочо Рацин“ при Националан установа Центар за култура Крива Паланка.