Се чистат пропустите на магистралниот пат

Општина Крива Паланка отпочна со чистење на армирано-бетонските цевасти пропусти на магистралниот пат Куманово – Граничен премин Деве Баир, во урбанизираниот дел на Крива Паланка.

 

Од направениот увид на терен на магистралната улица во Крива Паланка, констатирано е дека армирано-бетонските пропусти не се во функција за нормално истекување на атмосверската вода поради тоа што дел од пропустите се делумно или целосно наполнети со земјан нанос со што се намалува  нивната пропусна моќ.

За да се спречат поплавите во урбанизираниот дел  на Крива Паланка, кои може да ги предизвика наглото топење на снегот, Општината отпочна со спроведување на акционен план за рачно чистење на пропустите на магистралниот пат.

Рачното чистење на пропустите се одвива со потешкотии бидејќи брзо се полнат со земјан нанос и за истите се потребни повеќе финансиски средства за одржување, кои ги обезбедува Општина Крива Паланка.  

ЈП Македонија пат не го финансира одржувањето на пропустите изградени на магистралниот пат, иако објектите се составен дел на магистралата која е во надлежност на  ЈП Македонија пат.

Големина на фонт
Контраст