Во Крива Паланка одблежан Празникот Богојавление – Водици

Во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црка, Епархија Полошко-Кумановска беше одблежан големиот христијански празник Богојавление – Водици. Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован – Крстител во водите на реката Јордан. Самиот чин на фаќањето на крстот го означува соединувањето на човекот со Христа.

Прославата започна со свечена литургија во  црквата Св.Димитрија на која присуствуваа бројни верници. По  литургијата  следуваше чинот на фрлањето на  крстот во водите на Крива Река.

Од многуте пријавени момчиња најсреќен беше Сашо Китановски  од населбата Белево, на кој му беше врачен телевизор од страна на Градоначалникот кој им се обрати на големиот број присутни граѓани им го честита празникот и им посака низ целата година да ги следи среќа, здравје и благосостојба.

 

Големина на фонт
Контраст