Безбедно дома-безбедно на улица, работилница за кривопаланечките основци

Педесетина ученици од нижите одделенија од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка беа дел од  едукативна работилница на тема „Безбедно дома-безбедно на улица”, организирана по повод Светскиот ден на детето, 20 ноември.

Работилницата се реализираше во соработка со Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, отсек за превенција, во рамки на проектот „Безбедни училишта”.

– Денес е светски ден на детето, а токму најмладите се во фокусот на вниманието на образовните кадри, но и нам, поради тоа што сообраќајната култура се гради и востановува од најмали нозе. Ги запознавме дечињата кои опасности најчесто ги демнат на патот од дома до училиште ,но им посочивме и како да бидат безбедни кога се дома, по што не е дозволено да посегнуваат и како каде да се однесуваат, посочи Стојмир Стефановски, помошник командир за превенција и јавен ред и мир во ПС од ОН Крива Паланка.

На средбата присуствуваа наставници од ООУ „Јоаким Крчовски” кои продолжија и во редовната настава со активности посветени на светскиот ден на детето.

 

Големина на фонт
Контраст