Станојковски прв на “Медијана опен 2011”

Минатиот викенд, на 9 и 10 декември, во Ниш Р.Србија се одржа Меѓународниот турнир во пинг-понг “Медијана опен 2011” на кој учествуваа преку 300 пингпонгари, во 4 категории од Србија, Македонија и Бугарија.Во исклучително силна  конкуренција во категоријата јуниори до 18 години, меѓу 93 пингпонгари нашиот Кристијан Станојковски, со 6 убедливи победи, го освои првото место што за него воедно претставува  и прва титула на некој отворен турнир во Србија, покрај досегашните втори и трети места на претходните турнири.

 Станојковски оваа сезона настапува во Првата српска лига за тимот на СТК Врање.Покрај Станојковски, на овој турнир настапија и пионерките од Крива Паланка Анета Станковска, Дамјана Цветковска, Ангела Стаменковска, Деспина Станковска и Јована Тасевска како и пионерот Филип Костадиновски кои прикажаа солидни игри и достојно ја претставија нашата општина.

Пионерите на 17 и 18 декември ке учествуваат и на Новогодишниот турнир во Нови Сад, Р.Србија.