Одржана средба со претставници на родители и застапници на лица со инвалидност

На 07.11.2011 се одржа завршната средба помеѓу претставници на Општина Крива Паланка и претставници од неформална група на родители и застапници на лица со инвалидност, формирана на ниво на општината. Средбата, која е во склоп на проектот „Симултно јакнење на општинските капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативност“, се одржа со цел  да се согледа можноста за вклучување на дел од барањата на оваа група на граѓани во програмата за социјална заштита на Општината.

 

Проектот е во рамки на програмата  CIVICA MOBILITAS која ја спроведува Центарот за институционален развој  ЦИРа и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија.

Носител на проектот е Сојузот на Дефектолози на Република Македонија, а  Општина Крива Паланка е вклучена во имплементацијата на проектот.

 

Големина на фонт
Контраст