Оддржана промоција на книгата „Брачниот живот на Зона Замфирова“ од Трајче Кацаров

Во текот на денешниот ден,  во просториите на ЛУ Градски музеј  во Крива Паланка, се оддржа промоција на книгата „Брачниот  живот на Зона Замфирова“ од Трајче Кацаров, која со големо задоволство беше проследена од присутните.

Промотор на книгата беше проф.Мишо Павловски, а за интерпретација на извадоци од книгата на Кацаров, се погрижија актерот  Благоја Чоревски и Страшко Милошевски.

Трајче Кацаров е автор на повеќе книги поезија, проза (раскази и романи) и книги театарски есеи.  Автор е на неколку книги за деца, како и на детски пиеси („Сулиндари”, „Ети ја спасува Тера” и др.).

Неговите дела се преведени и на неколку јазици – англиски, руски, украински, албански, бугарски, српски, хрватски и словенечки, a неговите театарски пиеси се одиграни низ повеќе театри во регионот и пошироко. За неговото творештво пишувале многумина автори, како: Влада Урошевиќ, Милан Ѓурчинов, Гане Тодоровски, Александар Прокопиев, Миодраг Друговац, Ефтим Клетников, Милена Ристова-Михајловска и др.

Публиката беше задоволна од самиот настан, а дел од присутните, долго по поромоцијата останаа да разговараат со авторот интересирајќи се за оваа, но и за следни негови дела.

Промоцијата на книгата е дел од придружната програма на 11-то издание  на  Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ кој ќе трае до 8-ми октомври.

Големина на фонт
Контраст