Со претставата „ЉУБАФ“ започна 11. Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Aктерите од Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска, синоќа настапија пред кривопаланечката публика со претставата „Љубаф“, со што и официјално го отворија 11-то издание на театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Претставата  „Љубаф“  од Мјури Шисгал  е во режија на Горан Рибариќ, а во изведба на актерската екипа од Винковци и тоа:  Матеа Муришиќ, Доријан Паулиќ, Дејан Фајфер и Владимир Андриќ, наиде на извонреден прием од публиката.

На гостите од Винковци, Р.Хрватска, градоначалникот Борјанчо Мицевски им врачи плакета за учество на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, а тие се заблагодарија за поканата и долгогодишното пријателство,  големото гостопримството на општина Крива Паланка и кривопалнчани воопшто.

Вечерва, со почеток во 20 часот, настапува народниот  театар од Лесковац Р. Србија со претставата „Половњачи“од Лик Хибнер.