Крива Паланка се вклучи во европската недела на спортот

Денес во училишниот двор на ООУ „Јоаким Крчовски“ се одржа првата спортска активност со првачињата со што општина Крива Паланка во соработка со Агенцијата за млади и спорт се вклучува во  Европската недела на спорт,  насловен со предизвикот #BeActive. 

Активноста ќе продолжи на 30.09.2019 година во 12.00 часот, во спортската сала во ООУ „Илинден“ со одржување на пријателски натпревари во фудбал и кошарка помеѓу ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким  Крчовски“.

Ги покануваме сите љубители на спортот и физичката активност да бидат дел од овој настан со што ќе покажат дека се  грижат за себе и своите најблиски, а пред се за  своето здравје.