Сениорките на ППК Крива Паланка есенски шампиони

Женската сениорска екипа на „Пингпонгарскиот клуб  Крива Паланка” која се натпреварува во Првата државна лига  го освои првото место во есенскиот дел од сезоната 2011/2012 пред екипите на  ППК Градба промет-Кавадарци и Пелистер-Битола. За екипата настапуваат Дијана Ристовска, Амелиа Уце и Христина Христовска под водство на тренерот Виорел Уце.

По освоените две титули во сезоните 2008/09 и 2009/10 екипата на ППК Крива Паланка повторно ќе се бори за шампионската титула оваа сезона, бидејки тимот е засилен со враќањето на пингпонгарката Амелиа Уце која минатата сезона настапуваше за клуб од Бугарија. Пролетниот дел од првенството продолжува во месец март 2012.

Големина на фонт
Контраст