Двајца членови од ЗСР „Мрена“ во риболовната репрезентација на Македонија

Дванаесет членови на риболовната репрезентација на Македонија меѓу кои и двајца членови од кривопаланечкиот спортско-риболовен клуб „Мрена”, од први до деветти септември учествуваат на Светското првенство во риболов на пливка што се одржува во Нови Сад, Република Србија.

– Првенството се одржува на Новосадски канал, а учествуваат педесеттина екипи од сите континенти. Нашата репрезентација ја претставуваат дванаесет члена, покрај мене како селектор, помошник тренер, натпреварувачи, резерва натпреварувач, делегат од Македонската риболовна федерација, Горан Тонев и логистички тим од три лица. Од понеделник до денеска се одржуваа подготвителни тренинзи, на различни реони и зони, со опробување на различни јадици, храни, како подготовка, утре ќе се одржи предвидениот главен тренинг, додека во сабота и недела ќе се реализира главното натпреварување – информира селекторот Емил Додевски.

Натпреварите ќе се одржат во сабота и недела, 7 и 8 септември, по што следува сумурање на резултати и прогласување на најдобрите.

Учеството на двајцата репрезентативци од Крива Паланка е со подршка на Општина Крива Паланка.