XV Интернационален фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

На 24 август започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. На 15-то фестивалско издание, кое ќе трае три дена,  ќе настапат фолклорни ансамбли од РС Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Северен Кипар, Белгија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Фестивалот ќе започне со свечено дефиле низ градот во 18 часот, а граѓаните ќе може да ги проследат настапите на фолклорните друштва на градскиот плоштад во Крива Паланка.