Успешно претставување на СОУ „Ѓорче Петров“ на театарскиот фестивал „Езоп- слобода на робот“

На Меѓународниот театарски фестивал „Езоп- слобода на робот“, кој се одржа во Република Бугарија на 30.03.2019 година, драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров” се претстави со драмата „Проект свадба”, во режија на професорките Зорица Давитковска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска.

Успешното претставување им ги донесе високите награди- златен пехар за авторство и режија, златен пехар за главна женска улога на Ангела Стамболиска и златен пехар за најдобра споредна женска улога на Јоана Илиевска.

Ви посакуваме уште многу награди и успеси!