Крива Паланка ги воодушеви гостите од Самбервил

Градоначалникот г.Арсенчо Алексовски доби писма од  градоначалникот на Самбервил г. Жан-Чарлс Луперто и г-ѓа Луси Грегоар, одговорна за  збратимување, во знак на благодарност за вниманието и пријатниот претстој на делегацијата од Самбервил на  Крива Паланка.

Во писмата покрај другото е изразено задоволството од организацијата и посетата на нашата прекрасна земја, како и заложбата на градоначалникот на Самбервил за што поскорашно завршување на постапката на збратимување.

Инаку посетата на делегацијата од Самбервил, во почетокот на септември, беше искористена за потпишување на Меморандум за соработка како прв чекор во постапката за збратимување.

Големина на фонт
Контраст