Реконструкција и рехабилитација на локален пат Крива Паланка – с.Станци

Во почетокот на месец септември 2011 ќе започне градбата на локалниот пат  Крива Паланка – с.Станци. За таа цел, во тек на месец август, извршен е увид на трасата од страна на претставник од Општина Крива Паланка, изведувачот на градбата, АД Гранит  и надзорниот орган кој ќе врши надзор при реализација на проектот.  

Должината на трасата е 4.523,16 м. Средствата за проектот се обезбедени од Владата на Р.Македонија преку Државната агенција за патишта. Динамиката на извршување на градежните работи е околу 10 месеци.

 

 

Со реализација на проектот ќе се надмине сегашната катастрофална состојба на овој патен правец  со што ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во тој дел од општината.

Големина на фонт
Контраст