Крива Паланка дел од програмата „Форуми во заедницата“

Крива Паланка е една од 12-те нови општини кои се избрани за учество во програмата „Форуми во заедницата“. Целта на програмата  е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. 

Во периодот јули 2011 – декември 2012, Форумскиот процес во општина Крива Паланка ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Програмата е финансирана од Швајцарската aгенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС.