Стипендии за шеснаесет нови стипендисти од Крива Паланка

Денес во кабинетот на градоначалникот г.Борјанчо Мицевски, осум нови стипендисти-талентирани ученици и студенти и осум стипендисти талентирани спортисти ги потпишаа своите договори за стипендија со давателот на стипендија Општина Крива Паланка.

Стипендиите се доделени врз  основа на распишаниот  Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2018/2019 година и распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за спортисти-ученици од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Р.Македонија за учебната 2018/2019 година. Стипендиите се во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината. Осум нови талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти и осум нови талентирани спортисти се здобија со право на користење на истата. Од претходните учебни години право на продолжување на стипендии остварија вкупно тринаесет стипендист.

Исто така општината врз основа на распишаниот Конкурс за субвенциониран превоз и согласно склучениот Меморандум за соработка со АДПТУ „Пролетер“ додели и субвенција за четири студенти кои студираат на државните универзитети во Скопје. Субвенционирањето е со два повратни месечни билети за тековната студиска година со можност истите да продолжат да ги користат субвенциите и во наредната година врз основа на исполнетост на одредени услови.Од претходната година правото на продолжување на субвенција остварија двајца студенти.

Градоначалникот нагласи дека ова е само еден мал стимул и поттик за оствaрување на успеси и резултати во нивниот понатамошен живот.

– Продолжете со Вашите успеси во понатамошниот живот, и кога не ги очекувате тие ќе си дојдат тогаш кога ќе ви  бидат најпотребни во животот.

– Сепак горд сум на Вас што Ве гледам како еден мал тим, кој за постигнатите успеси добива награди, и ќе продолжите да ја претставувате нашата општина и понатаму со Вашите постигнати резултати. Ми претставува голема чест и задоволство што денеска Ве имам вас како гости. Ви посакувам многу успеси, здравје и среќа  во   секој момент од Вашиот живот, рече Мицевски.

                    

 

Големина на фонт
Контраст