Општина Крива Паланка потпиша договори за откуп на публикации и продукција од локалните автори

Денес во просториите на  ЛУ Градки музеј Крива Паланка се оддржа свеченост по повод потпишување на Договори за откуп на самостојно реализирани публикации и продукции од локални автори.

Договорите за откуп се потпишаа врз основа на резултатите од Комисијата, која одлучуваше по објава на Јавен конкурс за откуп на самостојно реализирани публикации и продукции.

Оваа активност започна во јуни се реализираше во текот на тековната 2018 година, а на Јавниот конкурс беа пријавени вкупно 12 автори од различни категории и со нив денес се потпишаа Договори за грантирање од страна на Општина Крива Паланка.

Идејата за овој тип на активност, е да се поддржи творештвото на локалните автори од различни  области на културата, со тоа што Општина Крива Паланка оваа година се одлучи да откупи одреден тираж од  творбите од автори и на тој начин да ги помогне и мотивира локалните творци на поголем ангажман.

– Општина Крива Паланка е единствена во државата која се одлучи на ваков тип на поддршка на творештвото на креативните луѓе од локалната заедница. Досега, ваков тип на активности реализираше само Министеството за култура, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски

-Верувам дека оваа иницијатива во наредниот период ќе продолжи и ние како општина ќе дадеме се од себе да ги помогнеме нашите творци со конкретни активности од овој тип, а сето ова го правиме во насока на валоризација на вложениот  труд и залагањето  и оддаваме почит и вреднување на потенцијалот на локалните творци, изјави градоначалникот Мицевски и додаде:

 -Мене ми е чест и големо задоволство што голем број на локални творци ја препознаа оваа идеја како начин на кој сите ние заедно го збогатуваме културниот начин на живот и  ја промовираме општина Крива Паланка во најдобро светло, и затоа се одзваа на повикот за учество во оваа активност, каде ги покажаа резултатите од вложениот труд и личниот  уметнички израз.