Започна реконструкцијата на ОУ „Јоаким Крчовски“

Општина Крива Паланка  ги започна  работите за реконструкција  на основното  училиште ,,Јоаким Крчовски“,   трето по ред од вкупно четирите  основни училишта  кои се предвидени за реконструкција  во рамките на  проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“ од програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, за кој се одобрени средства во висина од 535.774 евра.

Реконструкцијата опфаќа замена на целата кровна конструкција како и замена на дрвената столарија со нова ПВЦ столарија.

Се планира учениците да ја започнат новата учебна година во ново реконструирано училиште до кога и се планира  да завршат градежните работи на оваа училиште.