Марија Спасовска државен првак

Изминатиот   викенд во  Тетово се одржа Државно првенство за деца 11-14 години,каде свој настап имаа и каратистите од Карате Клубот „Шампион“  од Крива Паланка. На натпреварот  учествуваа преку 400 натпреварувачи, каде што нашата каратистка Марија Спасовска стана Државен првак во  борби во женска конкуренција категорија – 47 кг освојувајќи го првото место.

 

Со овој резултат се стекна со статус репрезентативец со право на учество на Балканското првенство во Кипар во месец септември 2011. Следен настап имаат кадетите наредниот викенд  на Државен изборен турнир во Гостивар, од кој се бира составот на Македонската репрезентација за Медитеранските игри во Италија.

Да им посакаме успех!

 

Големина на фонт
Контраст