Нови смарт-табли и персонални компјутери во СОУ Ѓорче Петров

Оваа учебна година учениците во СОУ Ѓорче Петров ќе ја започнат со нови осум смарт табли, со што вкупно на располагање имат 10 смарт табли за учениците од гимназиското образование и 24 персонални компјутери за кабинетот по информатика. Новата опрема училиштето ја набави со сопствени финансиски средства.

Градоначалникот на општина Крива Паланка г.Борјанчо Мицевски со претставници на општинската администрација присуствуваа на првиот училишен час по математика  во учебната 2018/2019 година кој беше презентиран од страна на професорката токму на вакава смарт-табла истакнувајќи ги  предностите на користењето на новите технологии.

„Интерактивниот систем на табла го подобрува интерактивното и заедничкото учење при што корисниците можат истовремено да пишуваат, цртаат и  комуницираат, а со самото тоа се создава подобра настава и средина за учење. Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards истовремено претставуваат: проектор и платно, екран, компјутер и табла поврзани преку софтвер кој овозможува креирање, учење и управување “, истакна професорката Сашка Младеновска.

„Напредокот на технологијата и интерактивните комуникации забрзано го движат развојот на економиите, образованието и комуникациите во светот. Македонија, иако мала земја, Крива Паланка иако мала општина се движат паралелно со светскиот технолошки развој, благодарение на напредните технологии, а со тоа се олеснува образовниот процес кој е клучен за развојот и напредокот во општеството воопшто. Со помаш на овие смарт-табли ќе ја совладувате наставата која ќе ви биде поинтересна, а не како до сега кредата и класичната табла да Ви бидат единствениот начин на добивање знаења“,  се зборови со кои градоначалниот се обрати на учениците, а воедно им посака многу среќа во учебната година и на наставниците бидејки тие се главните водители кои ги насочуваат децата во нивниот живот.