Заврши 14-та отворена фудбалска школа „Open Fun Football Schools“

Во периодот од 17-21 август на Градскиот стадион во Крива Паланка се организираше 14-та отворена фудбалска школа „Open Fun Football Schools“.

Под покровителство на Општина Крива Паланка, 180 дечиња на возраст од шест до 11 години учествуваа и се забавуваа учејќи ги фудбалските техники и правилата на фер плеј под надзор на 11 тренери и уште толку асистенти.

Крива Паланка инвестира во спортот и спортските активности. Во моментот е распишан конкурс за стипендирање на 8 талентирани спортисти, а во сабота на 25 август  ќе се промовира публикација за спортот во општината. Вложуваме во регистрирање на спортски тимови и екипи кои ќе се натпреваруваат во различни рангови. Таков е случајот со кошаркарската, пинпонгарската, шаховската екипа кои бележат подем во изминатиот период. Крива Паланка е мало градче кое негува спортски дух. Се надеваме дека од овие дечиња ќе изникнат гомеми и познати спортски таленти со врвни достигнувања, истакна градоначалникот Мицевски на затварањето на овогодинешната фудбалска школа.