Операција Флориан повторно во Крива Паланка

Од  9 мај, па во наредните две недели, во ТППЕ Крива Паланка претстојува тим од тројца инструктори од Операција Флориан од Велика Британија, кои ќе помогнат во обука на кривопаланечките пожарникари. Обуката се состои во спасување на лица кои се загрозени во сообраќајни несреќи и нивно спасување од уништените возила. 

Обуката се изведува во два дела и тоа теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се изведува во просториите на ТППЕ, а додека практичниот дел на стари возила  во дворот на ТППЕ. За таа цел Операција Флориан донираше опрема за технички интервенции т.н. хидраулични секачи.

 
   

Претходно Операција Флориан донираше противпожарно возило VOLVO 3 на ТППЕ Крива Паланка.