Меѓународен франкофонски камп во Тирана, Албанија

Во периодот од 20-27 август 2018 година, во Тирана, Албанија, ќе се одржи петтиот меѓународен франкофонски камп чиј покровител е Меѓународната организација на Франкофонијата. Реализацијата на овогодинешниот франкофонски камп е овозможена благодарение на партнерството меѓу Министерството за образование и наука на Р.Македонија (Националната комисија за Франкофонија), Здружението на професорите по француски јазик на Р.Македонија, со поддршка на Меѓународната организација на Франкофонија и CREFECO – Регионален центар за земјите од Централна и Источна Европа.

 На овој камп ќе учествуваат најдобрите 36 ученици–франкофони од шест франкофонски земји од регионот: Македонија, Молдавија, Романија, Бугарија, Ерменија и Албанија, благодарение на постигнатите успеси на повеќе државни натпревари по француски јазик во текот на учебната 2017/2018 година. Македонија ќе ја претставуваат 6 ученици од основните училишта кои покажале најдобри резултати на државните натпревари по француски јазик и тоа:

  Ученик Училиште Ментор
1. Лина РАНГЕЛОВА ООУ “Јоаким Крчовски”– Крива Паланка проф.Елена НИКОЛОВСКА
2. Марта СПАСОВСКА ООУ “Јоаким Крчовски”– Крива Паланка проф.Елена НИКОЛОВСКА
3. Искра АЛЕКСОВСКА ООУ “Димитар Миладинов” – Скопје проф. Марија ВАРСАМИС СИМОНОВСКА
4. Матеј ТРАЈЧЕВСКИ ООУ “Дане Крапчев”– Скопје

 

проф. Анета МИТЕВСКA
5. Сара БУРНЕСКА ООУ “Лазо Ангеловски”– Скопје проф.Милена КАЛИНОВСКА
6. Деа ЈАДРОВСКА ООУ „Наум Наумовски-Борче“- Скопје проф.Наталија
ЃОРЃЕВИЌ– МИРЕВСКА
   

Во рамки на франкофонскиот камп, ангажирани се аниматори од Франција, Романија и Албанија кои на учесниците ќе им понудат богата програма исполнета со најразлични активности, едукативни и друштвени игри, спортски активности, театарски работилници, поетско читање, караоке, и сл. со цел да ги збогатат своите знаења и вештини по француски јазик, да разменуваат искуства и знаења, но и да стекнат нови пријателства.

Учесниците на кампот ќе имаат можност да уживаат во убавините на главниот град на Албанија и други значајни места за овој регион преку повеќе културни посети.

 Културата и традицијата на секоја земја учесник изобилува со разновидност. Со цел да се нагласи меѓународната соработка меѓу земјите учесници, ќе бидат организирани вечери во рамките на кои претставниците од секоја земја ќе имаат можност да ја претстават културата и традицијата на земјата од која доаѓаат преку народни ора и танци, домашни специјалитети, итн.

 „Во мое лично име, и од име на моите колешки, сакам да им се заблагодарам на г-ѓа Марија Николова, национален координатор за Франкофонија во Р.Македонија, при МОН на Р.Македонија и на г-ѓа Јулијана Јозиќ, Претседател на Здружението на професори по француски јазик на Р.Македонија за нивната огромна ангажираност и посветеност за учество на кампот. Благодарност и до колешката Анета Митевска, која ќе ги придружува нашите претставници во Тирана. ” – изјави проф.Елена Николовска.

Големина на фонт
Контраст