Отворен граничен премин „Голема Црцорија-Голеш“

На 6 мај 2011 г свечено  беше отворен новиот граничен премин „Голема Црцорија-Голеш“, на кој жителите од овој пограничен регион чекаат 20 години. Граничниот премин го отворија министерот за внатрешни работи на Р.Србија г.Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи на  Р.Македонија м-р Гордана Јанкуловска.

Со новиот премин ќе биде овозможена обработка на имотите, комуникација со семејствата и роднините и остварување на другите права во соседната општина Босилеград од каде потекнуваат голем број жители од кривопаланечкиот пограничен регион и од останатите градови во државата. Преминот ќе се користи шест месеци во годината, односно од пролет до есен и е наменет пред се за населението кое живее во непосредна близина на границата меѓу двете земји.

 

Градоначалникот Алексовски изразува огромно задоволство што конечно ќе бидат отстранети граничните бариери, кои му создаваа големи проблеми на месното население,  по што се очекува и интензивирање на соработката со Босилеград, а со тоа и усогласен и забрзан економски развој на пограничниот регион преку искористување на заедничките ресурси.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст