Оддадена почит на бранителите

Со полагање свежо цвеќе на споменикот пред Полициската станица Крива Паланка почит на загинатите македонски бранители Горан Стојановски, Момир Стојановски и Јане Јакимовски им оддадоа нивните најблиски роднини, Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, Претседателот на Советот на општина Крива Паланка Др. Милка Митовска, Пратеникот Оливер Алексовски, претставници на општинската администрација и на други органи и институции во општината, како и претставници од СВР Куманово, ПС Крива Паланка, ОДГ Деве Баир и од Полицискиот синдикат.

   

Во спомен на загинатите бранители Градоначалникот на Општина Крива Паланка го отвори спортскиот турнир во мал фудбал кој традиционално се одржува 10 години по ред.

На турнирот учество зедоа екипите : ПС ОН  Крива Паланка, ПЕП Крива Паланка, ПК Ранковци, МВР на РМ – ПЕП Скопје, ПСГК Деве Баир, ПС ОН Кратово, Шумска полиција Крива Паланка, ПС за ОДГ Крива Паланка, ПС за ОДГ Рамна Нива, ЦИ Деве Баир Крива Паланка, и екипата ГОР-ЈАН.