Јавен повик за ангажирање на градежна механизација

Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Крива Паланка  бр.51-1402/25 од 22 март 2011  година  (Службен весник на РМ бр.42/2011)  и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2011  Општина Крива Паланка  објавува
                                        
Ј А В Е Н      П О В И К

1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Крива Паланка  бр.51-1402/25 од 22 март 2011  година  (Службен весник на РМ бр.42/2011)  и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2011.

2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имат интерес да се  вклучат   во Акцијата за  чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположливи градежни машини и транспортни возила на ден 15.04.2011 (петок) во 10 часот  во малата сала на Општина Крива Паланка.

Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав :

1.Александар Ангелов

2.Никола Граматиков

3. Биљана Тасевска

Со правните  лица ќе биде склучен  Договор за нивно ангажирање.

Лице за контакт: Александар Ангелов

тел: 076 448429

                                                                            

Општина Крива Паланка

 

Големина на фонт
Контраст