Станојковски трет на Стига купот

Пингпонгарот Кристијан Станојковски од Крива Паланка го освои високото  трето место  на  реномираното “Отворено првенство на Нов Белград-Стига куп” во силна конкуренција на  најдобрите јуниори од Србија, Унгарија, Црна Гора, БиХ и Македонија. Првенството  се одржа на 9 и 10 април во Белград,  а пласманите од Стига купот се бодуваат за Европската ранг листа.

 

 На турнирот учествуваа преку 300 пингпонгари во 3 категории- млади кадети, кадети и јуниори во машка и женска конкуренција.

 

 

 

 

 

 

 

Македонија ја претставуваа 14 играчи од Крива Паланка, Куманово, Скопје и Прилеп кои покажаа солидна игра и остварија добар пласман.

Пингпонгарите од Крива Паланка посебна благодарност изразуваат до нашиот сограѓанин Ристе Димитровски кој живее во Белград, за срдечниот прием и силната подршка штом им ја пружил за време на првенството.