Сертификати за учесниците на обуката за изработка на бизнис планови

Со свечената поделба на сертификати за успешно завршен тренинг-обука за изработка на бизнис-планови, официјално беше затворен проектот „Поддршка за развој на туризмот преку имплементација на обуки за старт-ап бизниси“, поддржан и ко-финансиран од Министерството за финансии во рамките на Јавниот повик за ко-финансирње на проекти на бизнис-центри за поддршка на мали и средни претпријатија, согласно Програмата за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија.

 

Сертификатите ги врачи Градоначалникот на општината г-дин Арсенчо Алексовски, кој изрази благодарност и задоволство од успешната имплементација на обуките, преку кои 40-тте учесници од различна возраст, пол, социјална структура, преку две дводневни сесии/работилници имаа можност да проследат предавање за изработка на бизнис палн за започнување на сопствен бизнис и активно да учествуваат во разработка на шест најинтересни бизнис-идеи.
 

 

Градоначалникот ги повика учесниците да продолжат во понатамошен развој на своите бизнис-идеи, бидејќи развојот на мали и средни претпријатија е еден од приоритетите на општината во процесот на подобрување на локалниот развој и квалитетот на живеење.

Општината преку Одделението за локален развој и бизнис-центарот ќе продолжи да ги поддржува сите позитивни идеи и иницијативи и е отоврена за помош и соработка со сите заинтересирани субјекти и потенцијални претприемачи.