Во април започнува изградбата на спортска сала

Согласно проектот на Владата на Република Македонија „Изградба на 35 спортски сали“, Агенцијата за млади и спорт во месец април ќе започне со реализација на спортската сала во општина Крива Паланка. Изведувач на работите на овој проект ќе биде АД „Пелагонија“ од Гостивар. За непречена работа на изведувачот Општината обезбеди приклучок на вода  и приклучок на трифазна струја потребни за изградбата на спортската сала.

Во прилог е дадено писмото од Агенцијата за млади и спорт до Грдаоначалникот и известувањето од Општината до Агенцијата за млади и спорт.