Нови успеси на нашите млади музичари на државно ниво

На 22 и 23.04.2018 година во организација на музичките и балетските педагози на Македонија се одржа 56-тиот државен натпревар за учениците од основните музички училишта и студентите од факултетите за музичка уметност. Натпреварот се одржа во просториите на Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“ – Скопје.

Учениците од паралелката за основно музичко образование при ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка, во силна конкуренција од нивните врсници од другите основни музички училипта во Република Македонија, постигнаа многу добри резултати.

Ученикот по хармоника Христијан Митковски, под менторство на проф. Дејан Ангеловски освои 2 место со постигнати 92,00 поени од максималните 100 поени (од вкупно 9 учесници).

Пијанистите од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски ги постигнаа следните резултати:

  • Михаил Митовски, со постигнати 92,72 поени од максималните 100 (од вкупно 46 учесници) го освои второто место;
  • Маја Тасевска со освоени 91,57 поени од максималните 100 (од вкупно 22 учесници) го зазеде третото место;
  • Леон Јанковски со постигнати 87,57 поени од максималните 100 (од вкупно 52 учесници) го освои третото место, и
  • Ученичката Сара Стојановска доби пофалница за постигнатиот успех на натпреварот, со освоени 81,14 поени од максималните 100 поени (од вкупно 52 учесници).

Овие големи успеси на нашите млади музичари се од особено значење за училиштето и ќе влијаат на младите таленти со уште поголем елан да свират пијано, хармоника и  други музички инструменти, а со тоа ќе го зголемат интересот за музиката и ќе го поттикнат развојот на музичката култура во нашата средина– вели професорката Лариса Жулина-Митовски.