Претставници од Сојузот на дефектолози во посета на Општина Крива Паланка

Во рамките на проектот „Симултано јакнење на општинските  капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативнос“ во Општина Крива Паланка се одржа состанок со претставници од Сојузот на дефектолози. Координаторот на проектот Ана Поповска, административниот асистент Катерина Величковска и дефектологот Зорица Ристовска која е ангажирана за истражувања на терен во

основните училишта, ЈУ МЦСР Крива Паланка и дневниот центар за лица со посебни потреби  се сретнаа со претставникот  на проектот од Општината, Елена Станковска и раководителот на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија,  Душко Арсовски.

На состанокот се разговараше  за реализираните и идните активности на проектот.

Општина Крива Паланка е дел од проектот Симултано јакнење на општинските  капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативност“. Проектот е во рамки на програмата CIVICA MOBILITAS која ја  спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка,  претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија.

 
Носител на овој  проект  е Сојузот на дефектолози на Република Македонија, а Општината е партнер во проектот.