Активности на Општината во делот на комуналното уредување

Во рамките на активностите за санирање на штети од поројни дождови кои во последно време ја зафатија нашата општина и причинија значителни штети на локалната патна мрежа, Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура изврши санација и насипување на дел од локалните патни правци во село Конопница.

Посебно беше третиран потегот Црква ,,Св. Теодор“-Кула-Стублица-Чешма-Рампа во должина од околу 2 км. на кој беше извршено рамнење, проширување, прочистување и насипување, со што се надмина долгогодишниот проблем на жителите од овој крај на с.Конопница. 

Истовремено започнато е со пробивање на нов пристапен пат во должина од околу 200 м. во месноста Трештен Дол-Баглак 3 заради поврзување на населба од 20-тина индивидуални станбени објекти кои досега немаа никаков пристап кон локалната патна мрежа.   

Големина на фонт
Контраст