Изложба на сто најдобри дела од Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“ 2018

На 25.02.2018 (недела) година во 11.00 часот, во галерискиот простор на НУ„Центар за култура“ Крива Паланка  ќе биде  отворена  изложба на  сто најдобри дела од четвртиот Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско поклонение”, што се организира како авторски проект на Стојанче Величковски, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и Општина Крива Паланка.

Изборот за групната изложба е направен од 430 дела, 155 автори од 40 држави од страна на стручната жири комисија во состав:

г. Дарко Дрљевиќ, карикатурист, првонаграден на 3-тиот МКК „Невестинско поклонение”  (Црна Гора)

г. Стојанче Величковски, магистрант на визуелни уметности, графички дизајнер и хералдички уметник – автор и организатор на конкурсот;

г-ѓа Наташа Костовска, карикатуриска;

г. Никола Ангелковски, карикатурист;

г. Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка;

На отварањето ќе присуствуваат гостите, делагациите и претставниците на дипломатскиот кор кои ќе присуствуваат на културната манифестација „Невестинско поклонение” што ќе се одржи во кругот на црквата Свети Теодор Тирон во село Конопница со почеток во 13 часот.

Темата на овој уникататен конкурс кој ги третира односите во семејството е „Пред  (бракот) и потоа”,  а честа да бидат носители на наградите им припадна на:

1.Прва награда – освојувач на трофејот / маскотата „Невестулка “(анг.Weasel, лат.Mustela Nivalis) + 200$ +Златен медал + Диплома; 

 Дариуш Дабовски / Полска

2. Втора награда 200 $ + Сребрен медал и диплома

Валентин Георгиев / Бугарија

3. Трета награда 100 $ + Бронзен медал и диплома

Али Шафеи / Иран

Плакета за најдобра колекција + диплома

Олег Гутсол / Украина

За особено успешни карикатури пристигнати на Конкурсот од жири комисијата се прогласени:
1. Клаус Питер / Австрија
2. Солатан Солтани / Азербеџан
3. Алисон Ортиз Афонсо / Бразил
4. Цивал Еинстеин / Бразил
5. Ивајло Цветков/ Бугарија 
6. Јовчо Савов / Бугарија
7. Јанг Ксја / Кина
8. Дамир Новак / Хрватска
9. Роберто Сергио Кастиљо Родригес / Куба
10. Стефан Јахновски / Германија
11. Иштван Келемен / Унгарија
12. Блаже Докулевски / Македонија
13. Миро Георгиевски / Македонија
14. Лука Лагатор / Црна Гора 
15. Корнел Чиореан / Романија
16. Миленко Косановиќ / Србија
17. Снежана Чомор / Србија
18. Горан Ќеличанин / Србија
19. Огус Гурел / Турција
20. Владимир Казаневски / Украина
21. Олег Локтиев / Украина

Големина на фонт
Контраст