Продолжува реконструкцијата на основните училишта

Од 21.01.2011 година се започна со реновирање на зградата „Партизан“ на основното училиште „Јоаким Крчовски“. Моментално се работи на реконструкција на  внатрешниот дел. Изведувач на работите е градежната фирма „Конструктор“ од Скопје. Реновирањето е во рамките на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“.

Инаку со проектот во ова училиште се предвидува  замена на столарија, санација на кровна површина, плафони, електрични инсталации, молерофарбарски работи и греење-котлара.

Големина на фонт
Контраст