Новогодишни празнувања во Крива Паланка

Во пресрет на новогодишните празници Општина Крива Паланка организира „Новогодишни празнувања“ кои ќе започнат на 28.12.2017 со театарската претстава „Дедо Мраз дојде и кај нас“ , со почеток во 12.30 часот во НУ Центар за култура. Потоа следува изложба и џез концерт „Сите бои на џезот -II“ во ЛУ Градски музеј со почеток во 20 часот.

На 29.12.2017 на плоштадот „Карпошово востание“ во 12 часот е организиран детски концерт „Новогодишни снежни ноти“ со Мартија Стојановиќ како специјален гостин, а вечерта гостува „Црвена јабука“ со Мозаик како предгрупа.

Генерален спонзор на настанот, кој  е во организација на Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, е Минстрој.

 

Големина на фонт
Контраст