„Црвена јабука” на пред новогодишен концерт во Крива Паланка

На 29  декември, на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка,  концерт ќе одржи познатата балканска поп-рок група “Црвена јабука”.

Кривопаланчани, како и сите останати гости, од помлади до повозрасни, ќе може да се забавуваат и ги пеат легендарните хитови: „Има нешто од срца до срца”, „Волио бих да си ту”, „Дирлија”, „Тамо гдје љубав почиње”, „Туго несречо”…

После многу години, конечно во Крива Паланка се раѓа вистинска пред-новогодишна атмосфера и забава.