Започна реновирање на основното училиште во с.Конопница

Од 22.12.2010 година се започна со реновирање на основното училиште „Илинден“ од село Конопница. Моментално се работи на реконструкција на  внатрешниот дел, подовите и надворешна ѕидарија. Изведувач на работите е градежната фирма „Конструктор“ од Скопје. Реновирањето е во рамките на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“.

 

Инаку со проектот се предвидува санација на подови, плафони, кров, замена на столарија, електрична инсталација, молерофарбарски и фасадерски работи и изведбана влезен хол во основното училиште „Илинден“ од село Конопница.