Крива Паланка со волонтер од Мировен корпус

Волонтерот од Мировен корпус, г -ѓа Линда Рејнолдс, во наредните две години ќе претстојува во нашата општина со цел да помогне во процесот на развивање на човечките ресурси и зајакнување на локалните потенцијали. Г-ѓа Рејнолдс, со помош на својот соработник од општинската администрација ќе учи за нас и  заедницата во која ќе живее и работи наредните две години.

Една од првичните активности беше работната посета на СОУ „Ѓорче Петров“ каде  на дел од учениците,  г-ѓа Рејнолдс  им го презентираше начинот на прославување на Божиќ и Нова Година во Америка, нивната култура и обичаи поврзани со овие празнични денови.

Големина на фонт
Контраст