Посета на Амбасадорот на Кралството Шведска

На 22.11.2010 година, Општина Крива Паланка беше официјално посетена од г-динот Ларс Валунд, Амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, придружен од г-дин Петер Тросте, раководител на секторот за развој во амбасадата.Главна причина за посетата на Амбасадорот беше  презентацијата на противпожарното возило-цистерна, марка Scania, донација од противпожарната единица од Упсала, Кралство Шведска.

Во рамките на посетата беше остварена и  работна средба, на која Амбасадорот искажа заинтересираност да Крива Паланка влезе во групата на општини, кои ќе бидат презентирани пред претставници од шведската бизнис-заедница, спремни да инвестираат во Република Македонија.

Амбасадорот Валунд имаше можност да присуствува на тактичко-показна вежба на припадниците на ТППЕ Крива Паланка, во дворот на основното училиште „Јоаким Крчовски“, во која беше вклучено и донираното возило.

Амбасадорот исто така го посети и манастирот Св.Јоаким Осоговски.