Премиера на театарската претстава „Го играме Чехов“

Театарска претстава „Го играме Чехов“

Премиера на театарската претстава „Го играме Чехов“ (комедија) ќе се одржи на 18 јули (вторник),во Н.У.Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 20 часот. Претставата е копродукција на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка и Благоевградскиот младински театар „Проф. Енчо Халачев“ од Бугарија, финансиски поддржан од Министерството за култура на РМ.

Во претставата деца и младинци од Крива Паланка и Благоевград заеднички играат раскази од А.П. Чехов. Улогите ги толкуваат најпрвин одвоено на македонски и на бугарски јазик, а на крајот изведбата е заедничка на двата јазика.

Претставата е во режија на Бранимир Митов од Благоевград и Глигор Цветковски од Крива Паланка.

Премиера на истата претстава ќе се одржи и во Благоевград на 19 јули.

Билетите имаат симболична цена од 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Големина на фонт
Контраст