Санирана улицата Гоце Делчев

Во рамките на редовното тековно одржување во месец oктомври, Одделението за изградба и  одржување  на комунална инфраструктура ја  санираше улицата „Гоце Делчев“ и тоа од приклучокот на ул „Св.Јоаким Осоговски“ до м.в „Дрнчка маала“  со околните споредни улици, каде беа вградени преку 55 тони асфалт.

Оваа улица   повеќе од 10 години е во лоша состоба, а  е доста фрекфентна во тој дел од градот. Со санирањето на оваа улица се реши долгогодишниот проблем на месното население кое живее во овој дел на градот.

Големина на фонт
Контраст