Успех на ликовниот натпревар „Акција против оруженото насилство“

Во организација на OSCE , МВР и CIVIL се одржа Ликовен натпревар на тема „Акција против оруженото насилство“  на кој пристигнале околу 3000 творби. Од пристигнатите творби, меѓу другите се наградени и учениците Филип Костадиновски од VI-1 одделение и Рената Стаменковска од VI-4 одделение од ООУ,,Јоаким Крчовски“, предводени од менторот Лазо Георѓиевски и Павела Стојковска, VI-3 одделение, од ООУ „Илинден“, под менторство на наставникот Лазо Крстевски.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски им честита на училиштата за успехот на учениците и воедно им честита и посебно ги ПОФАЛУВА наградените ученици кои заслужуваат внимание, кои со труд успеале да бидат запаметени на овој натпревар, а тоа е успех кој треба да се почитува.

Нека овие успешни луѓе бидат пример и на другите ученици во формирањето и изградувањето на личноста.

Ви честитаме за досегашните успеси и Ви посакуваме многу среќа, здравје и уште многу освоени награди во Вашата кариера