Донација на противпожарно возило

ТППЕ Крива Паланка се здоби со противпожарно возило, тип цистерна, марка-Scania T112H,  со носивост од 11 000 литри вода. Возилото е добиено како донација од ПП-единицата од градот Упсала – Кралство Шведска.

Во рамките на овој процес, трочлена екипа од ТППЕ Крива Паланка, предводена од командирот Иле Коцевски претстојуваше во Упсала, каде домаќин им беше г-дин Јован Христовски, менаџер на хотел „Викторија“ за конференциски услуги и обука за пожарникари во склоп на ПП бригада во Упсала, Кралството Шведска.

Оваа донација, претставува продолжување на процесот на модернизација на ПП единицата и со ова возило се комплетира возниот парк – навално возило и  пратечко возило – цистерна.

Општина Крива Паланка сака јавно да изрази голема благодарност до г-дин Јован Христовски, за несебичната помош и соработка, до г-дин Кристијан Шамбар, кој беше иницијатор на соработката и посредник во целиот процес, до г-дин Ванчо Наќев, кој ни помогна во преводот, до градоначалникот на Упсала, до вработените во ПП единицата во Упсала, како и до пензионираните пожарникари од Упсала, г-дин Уве Ериксон и г-дин Аке Ериксон за топлиот прием и престој на нашите пожарникари во Шведска.

 
     
     

 

Големина на фонт
Контраст