Развој на транзитниот туризам

Во рамките на имплементација на проектот Создавање на предуслови за развој на туризмот во Североисточниот плански регион(СИПР), во Крива Паланка се одржа првата тематска работилница од предвидените четири. Работилницата беше посветена на транзитниот туризам во функција на севкупниот развојот на туризмот во регионот, кој ги опфаќа општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.

На работилницата зборуваа професорите од Универзитетот за туризам и менаџментФакултет за туризам од Скопје, Димитар Бојаџиевски и Михајло Будиновски. Двајцата универзитетски професори истакнаа дека Североисточниот плански регион има разновидни, бројни и  компаративни предности и можности за развој на транзитниот туризам, како подрачје низ кое минуваат Коридорите 10 и 8. Тие ја посочија потребата од изградба на инфраструктура и капацитети за привлекување на транзитните патници преку граничните премини од кои може да се ефектуираат значајни средства, истакнаа Бојаџиевски и Будиновски.

Тие посочија дека развојот на туризмот најдобро е да се насочува преку јавнотоприватно партнерство, односно, преку заедничко учество на државните и локални институции од една, и приватниот сектор од друга страна.

Директорот на Центарот за развој на СИПР, Младен Протиќ потенцираше дека овој регион како најнеразвиен, според законот за рамномерен регионален регион треба да добие најмногу средства по овој основ од државата.

Од Агенцијата за просторно планирање, пак, беа посочени сите потребни законски процедури и документација за планирање и  изградба на потребната инфраструктура и другите туристички и придружни објекти.

Градоначалникот  Арсенчо Алексовски смета дека туризмот е една од најперспективните стопански гранки за Македонија со која можеме да се носиме на меѓународен план и која може да обезбеди голем број вработувања со најмалку инвестиции. Затоа, неопходно е да се создадат предуслови, односно, да се изгради основната база за развој на транзитниот туризам, како стратешка цел за развој на Североисточниот регион, која апсорбира голема работна рака. 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст